
Иво Митев
Иво Митев - Жиле роден на 14.08.1977 год. во Скопје. Студирал на Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде дипломирл на Философскиот факултет при Институтот за класични јазици. Вработен е во Археографскиот центар при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Пишува од студентски денови. Го интересира кратката прозна форма. Покрај раскази пишува и драми. Магистрирал во 2019 година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Скопје на одделот Драматургија. Дебитира на книжевната сцена во Македонија во 2014 год. години во списанието за литература, уметност и општествени прашања СОВРЕМЕНОСТ. Објавувал и во списанието за литературни, културни и општествени прашања : орган на клубот на младите писатели од Прилеп СТРЕМЕЖ. Оттогаш редовно објавува во овие списанија. Добитник во 2015 год. на трета награда на конкурсот за краток расказ што го распишува весникот Нова Македонија за расказот Небесна фотографија. Во 2019 година во издание на издавачката куќа Дата ПЕСНОПОЈ од Битола излегува неговата дебитанска книга „Небесна фотографија и други раскази“. Истата книга е добитник на II награда на Дата ПЕСНОПОЈ – Битола КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ. Во 2020 година излегува од печат неговата нова книга драмата за Григор Прличев „Луѓе меѓу луѓето“ во издание на издавачката куќа Аламанах од Скопје. Застапен е во антологиите Света песна. 2 и Поетски бранувања 2020 : Маџирмаалски поетски средби. Член е на Македонско-Турско писателско друштво на пријателството. Во 2021 година, неговата трета книга „Клучот за животот“, беше објавена од Арс Ламина – Публикации, Арс Либрис од Скопје. Составувач е на постхумното издание на книгата на Зафир Хаџиманов „Песните на мојот живот“: избрани песни кои ги објави издавачката куќа Македонија презент од Скопје. Преведен е на српски, а неговата приказна „Човекот што носеше среќа“ е објавена во електронското книжевно списание ECKERMANN. Најновата негова книга, а воедно и прв роман е „73 Дена“ во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации.