Јакоб Мартин Стрид
Јакоб Мартин Стрид е роден во 1972 година во Копенхаген, Данска. Станал познат стрип-цртач во дневниот весник „Политикен“.Неговиот бунтовнички, хумористичен и поетски дух продолжил да се развива и во книгите за деца, кои многу бргу ја освоиле детската публика, не само во Данска туку и во целиот свет. Во 2010 година ја освоил наградата за најдобри илустрации на Министерството за култура на Данска. Во 2012 година ја добил и значајната национална награда „The Crown Prince Couple’s Culture Prize“. Анимираниот филм со истиот наслов „Неверојатната приказна за џиновската круша“ ја доживеа својата премиера во 2017 година, а во Македонија се прикажуваше во кината на „Синеплекс“.