Јап Робен
Јап Робен (1984) е холандски поет, драматург, изведувач и признат автор на литература за деца. Својот прв роман за возрасни го објавува во 2014 година и за него добива неколку награди, а бил прогласен и за Книга на годината според холандските книжари. Неговиот втор роман бил кандидат за Меѓународната Букерова награда за 2021 година и е филмуван. Во 2022 година го објавува својот најнов и многу дискутиран роман „Светлината на самракот“, кој станал бестселер и ја добил наградата „Confituur Booksellers Award“ за 2023 година.
