Џјиа Пингва
Џјиа Пингва (роден 1952 година) е еден од најпознатите кинески автори. Пишува романи, кратки раскази и поезија. Меѓу неговите најпознати дела спаѓа и романот „Срушен град“ (анг. Ruined City) кој повеќе од 17 години беше забранет од Државната издавачка администрација поради експлицитната сексуална содржина. Добитник е на неколку книжевни награди.
Слушнати приказни
Во илјада деветстотини четириесет и четвртата година, за време на војната со Јапонија, Јапонците навлегле во коријата и ги опколиле ослободителите, па ги фатиле овие тројца да им го покажуваат патот. Кога поминувале низ некој предел завеан со снег, некој Кинез требал да го гази снегот за да го отвора патот. Од овие тројца, еден морал да умре. Јапонците покажале на оној што се давел и рекле: „Ти да кажеш кој ќе оди.“