Калиа Димитрова
Калиа Димитрова е родена на 22.10.1991 година во Скопје, Македонија. Во моментот работи во невладиниот сектор во Македонија, фокусирајќи се на проекти од областа на младинското учество, родови прашања и општествено ангажирана уметност. Дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 2013 година, насока политички науки. Нејзината магистратура во областа на културолошки науки ја носи во Литванија, Холандија, Полска и САД каде студира и живее до 2016 година. Нејзината магистерска теза "Реапроприација на јавниот простор: Случајот на урбани социјални движења во градот Скопје" се фокусира на уметничкиот активизам во градот Скопје, во време на политичка криза. Има објавувано поезија за време на нејзиниот престој во САД и се инволвира во поетски читања, настани и соработки во Скопје, Македонија. Слично на нејзините академски и професионални интереси, нејзината поезија се занимава со градот Скопје и/или самата идеја за градот како микро простор во кој луѓето учат да функционираат заедно, зградите кои ги сведочат движењата, социјалната неправда, асфалтот и дрвјата, спомените на улиците, љубовта во градот и кон градот, подиумот, политиката, борбата на жената и нејзината интимна приказна некаде меѓу сите други.