Камран Мир Хазар
Камран Мир Хазар е хазарско-норвешки поет, новинар, активист и веб-мастер. Тој има издадено неколку книги со поезија на англиски, вклучувајќи ја и антологијата „Поеми за Хазара“ (Poems for The Hazara) со 125 поети од 68 земји, „Плачот на кобилата која станува пеперутка“ (The Cry of a Mare About to Become a Butterfly) и „Тек на елен“ (Stream of Deer). Неговата нова книга со поезија, наречена „Хазаристан со хаику и жолт Мандела“ (Hazaristan with Haiku's Body and a Yellow Mandela ) ќе излезе до крајот на 2016 година на хазарски, англиски и италијански јазик. Поемите на Камран се преведени на англиски, шпански, холандски, арапски, кинески, турски, јапонски, италијански и романски. Учествувал на неколку меѓународни поетски фестивали, вклучувајќи го и Меѓународниот поетски фестивал во Меделин и Меѓународниот поетски фестивал во Ротердам. Камран Мир Хазар е член на Норвешкиот ПЕН и Норвешкиот центар на писатели.