Преводот на Шопов нè фрлаше од едно до друго езеро
Секогаш кога ќе слушнам дека преводот е невозможен, дека има секакви изрази и зборови што не можат да се преведат, дека поезија не се преведува, помислувам дека меѓучовечкото разбирање е базирано токму на преведувањето, односно на она движење на смислата што се одвива преку емоциите, искуствата, знаењето, и дека ова движење на смислата зависи од работата на преведувачите.
