Кристина Велевска
Родена во 1990 година во Скопје. Во 2013 година дипломирала на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје и моментално е на постдипломски студии на истата Катедра. Од 2013 година е и овластен лектор. Работела како лектор и како новинар во студентското списание „Излез“ и на истоимениот интернет-портал. Работи и како лектор и како уредник на јазичната рубрика во електронското списание „Репер“ и во издавачката куќа „Антолог“. Таа е еден од приредувачите на антологијата на европска љубовна лирика „Дај две, љубовни“.