Лана Деркач
Лана Деркач (Пожега, 1969) пишува поезија, проза, драми и есеи. Застапена е во земјата и во странство во многу антологии, панорами и зборници. Учесничка е на бројни меѓународни поетски фестивали и разни книжевни настани, како што се Струшките вечери на поезијата, Светско поетско читање во Кула Лумпур, Меѓународниот поетски фестивал и марш во Валонија“, Брисел, Меѓународниот поетски фестивал во Никарагва, Меѓународниот поетски фестивал во Стокхолм и други. Нејзини текстови се преведени на 20 јазици. Добитничка е на повеќе книжевни награди, меѓу кои хрватската книжевна награда „Здравко Пуцак“, наградата „Духовно храшче“, наградата „Винум ет поета“ (Vinum et poeta) и наградата „Ристо Ратковиќ“ за најдобра стихозбирка во Црна Гора, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Уредила две поетски панорами. Објавила десетина збирки поезија, три збирки раскази, збирка драми, збирка есеи и роман во Хрватска, како и книги во: Мексико, Белгија, Тунис и Црна Гора.
