Лаура Гаравалија
Лаура Гаравалија е родена во Милано, 1956 година, а денес живее во Комо. Таа е поет, новинар, професор, основач и претседател на организацијата “La Casa della Poesia di Como” (www.lacasadellapoesiadicomo.com). Исто така е и дирекор на Интернационалниот поетски фестивал "Europa in versi" (www.europainversi.org) што се одржува секоја година во Комо. Нејзини книги поезија се: Frammenti di vita (Il Filo, 2009); Farfalle e pietre (Lietocolle, 2010), Giury’s Award "Alda Merini – Brunate" 2011; La simmetria del gheriglio (Stampa2009, 2012, нова едиција на англиски и романски) Финалист за наградата "Mario Luzi" 2013; Correnti ascensionali (CFR, 2013, на англиски, шпански и романски), Награда за поезија од Европската академија на науки, уметности и литература 2017; Numeri e Stelle (Ed. Ulivo, Balerna, CH на англиски, шпански и романски), Награда за поезија "Antonio Farina" 2107; Лаура е член и на ПЕН клубовите на Италија и Швајцарија. Нејзините поеми се преведени на повеќе јазици и публикувани во многу антологии и книжевни списанија во Италија и пошироко. Гостувала на многу поетски фестивали во Романија, Македонија, Турција, Данска, Германија, Јапонија, Колумбија и други. Таа е член на комисиите за доделувањето на наградите: "Antonio Fogazzaro" и "Europa in versi". Нејзините книги се многукратно наградени. Прочитајте повеќе за Лаура на: (www.lauragaravaglia.it)