Лидија Капушевска Дракулевска
(1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени (македонската литература во европски контекст, имагологија, интеркултурни релации, меморија и уметност...).