Љубен Конески
Љубен Конески е роден во 1954 година во Прилеп. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Дипломира во 1978 година на Факултетот за политички науки во Белград, на Катедрата за дипломатија и меѓународни односи. Во 1979 година се вработува во тогашниот РСВР (МВР) во Службата за државна безбедност. Во Службата за безбедност извршувал повеќе работни задачи од аналитичката и оперативната дејност. Книгата „УБК одблизу – сеќавање на едно време“ е негово дебитанско книжевно дело.
КОЛЕДЕ 1964 год.
И така цела вечер ништо не прозборев, целиот се бев внел во ова чудо на техниката наречено телевизор. Ова за мене беше како направа излезена од моите соништа. Гледав ситуации, луѓе и настани кои се случуваа речиси во сегашноста а јас ги доживував како да се случуваат до мене во собата во која седев. Тоа во мојата глава предизвукуваше конфликт на она на што бев навикнат и она што сега го следав со свои очи. Никогаш не бев чул дека ова е можно.