Лука Бешлагиќ
Д-р Лука Бешлагиќ, писател и теоретичар на уметност и медиуми, е вонреден професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград (ФМК). Неговото поле на истражување вклучува интер- и трансдисциплинарни теории на уметноста, книжевноста и медиумите, со посебен фокус на експерименталните текстуални практики и експерименталниот филм. Автор е на теориско-прозниот полижанрен текст Два говора романа (Утопија, Белград, 2012). Неговата студија Теорије експерименталне текстуалне продукције (ФМК, Белград, 2017) ја освои награда на Фестивалот за хуманистички науки, култура, уметност „ФЕСК“ за придонес во иновативно-образовната практика. Повремено изведува lecture performance.