Марија Ангеловска
Марија Ангеловска е родена во 1994 година, во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје при катедрата за Англиски јазик и книжевност на наставна и преведувачко-толкувачка насока. Авторка е на збирката раскази „Глава што лебди” (2021), со која во 2021 година ја добива наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ од Тепмлум. Пишува и поезија. Има учествувано на книжевни настани во Македонија и Србија меѓу кои Струшките вечери на поезијата, Поетска епизода, 100 илјади поети за промена, Добри Гости и Кикинда Шорт. Нејзина поезија и проза се застапени во Рукописи, Книжевни елементи, Џинџуџе во земјата на афионите, Ново раѓање на зборот.