Марија Дуењас
Марија Дуењас (1964) е шпанска писателка. Била професорка по англиски јазик и литература на Универзитетот во Мурсија и на неколку универзитети во Северна Америка. Нејзиниот прв роман „Конци на судбината“, објавен во 2009 година, веднаш постигна голем меѓународен успех. Преведен е на повеќе од 25 јазици, а снимена е и телевизиска серија. За него ја доби наградата на градот Картагена во категоријата историски роман во 2010 и наградата на градот Мадрид за култура во категоријата литература во 2011 година.