Марија Христова
Марија Христова е културолог и филолог, родена во 1985 година во Скопје. Завршува Италијански јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје во 2009 година, а магистрира на интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во 2013 година со темата: „Книжевни списанија во рамки на македонската независна културна сцена“. Освен што пишува раскази, есеи и рецензии и го уредува својот блог, објавува прозни текстови и есеи и во различни македонски списанија и интернет магазини. Од 2016 година е соосновач и уредник во издавачкото студио специјализирано за уметнички книги „Приватен принт“ од Скопје.