Маријана Јанческа
Маријана Јанческа е докторант на Институтот за македонска литература - Скопје во областа на културологијата. Работи како наставник по македонски јазик и литература во основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар и преку соработка со невладиниот сектор, активно е вклучена во проекти за квалитет на образованието, рамноправност меѓу половите и социјална инклузија на маргинализираните лица. Нејзини литературни критики и есеи се објавувани во повеќе домашни и меѓународни списанија и сајтови за култура.