
Марина Мијаковска
Марина Мијаковска (1984) пишува поезија, проза, есеи, литературни критики и научни трудови. Мијаковска дипломирала и магистрирала на Универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е доктор на филолошки науки. Во декември 2017 година на Филолошкиoт факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранила докторската дисертација под насловот „Écriture féminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“. Од 2013 година таа е член на Друштво на писателите на Македонија и од 2022 година на Хрватското Друштво од Задар. Мијаковска учествува на многу меѓународни книжевни манифестации во земјава и во странство, на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување.