Педесет цигари за Елена
Тој петнаесетти мај илјада деветстотини шеесет и петтата година мајка му во околу три наутро ја разбудиле болки во крстовите. Татко му неволно ја одвел во болница. Се надевал дека ќе може да отспие уште неколку часа, па ја прашал како може да биде сигурна дека тоа се породилни трудови кога никогаш претходно не родила. Така барем му кажа мајка му кога прераскажуваше што се случувало во таа ноќ.