Марта Маркоска
Марта Маркоска е родена во Скопје (29.06.1981) Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала Интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска книжевност во Скопје. Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија, и досега има 14 авторски објави, некои од нив се преведни на повеќе од 20 јазици. Нејзините две најнови книги: ХЕРОЈСКА / ЕРОТСКА КНИГА и ЦРНИ ДУПКИ ВО НАС, се објавени во Хонг Конг. Маркоска е застапена во повеќе антологии на современата македонска и странска поезија и проза, а самата е составувач на Антологијата на љубовно-еротска лирика насловена „Гребени на љубовните пловидби“ (2014). Маркоска свои текстови објавувала и во: научните списанија „Спектар“ и „Културен живот“, електронските списанија за литература „Блесок“ и „Мираж“, списанијата „Синтези“ и „Современост“, Списанието за книжевност и култура „АКТ“, електронскиот конкурс за литература, „Електролит“, списанијата „Стожер“, „Маргина“, списанието„ Книжевно житие“, списанијата „Елитна и масовна култура“ и „Вкалапувања, збирките „Зборници на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија (Rukopisi) “ и други, како и рецензии за театар во дневниот весник „Дневник, рецензии за филмови и текстови од областа на културата на многу од македонските интернет портали. Збирката поезија, наградена два пати, „Црни дупки во нас“ е издадена и на турски јазик во Истанбул во 2016 година, како и на српски јазик во Белград во 2017 година. Маркоска е добитничка на наградите: Прва награда за најдобар расказ на конкурсот „Електролит“ (Темплум / Маргина) за расказот „Што се случува кога го читате Фрејзер“ (2007), награда Ацо Караманов (2012) за поетскиот ракопис „Стрмоглаво кон височините“; награда Бели мугри (2014), за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“, награда Тодор Чаловски за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми, 2015 (прв лауреат); награда за краток расказ на Нова Македонија, за расказот „Височините на Феликс“ (2015). Марта Маркоска е креаторот и роле-моделот на кампањата LARGER THAN LIFE - Хуманитарно-мотивациска кампања за здравјето и убавината на жената. Таа пишува јавни текстови посветени на подобрување на Меѓучовечките и меѓупартнерските односи.