Менсур Ќатиќ
Менсур Ќатиќ е роден на 7 јуни 1959 година во Добој, Босна и Херцеговина. По професија е правник. Детството и младоста ги поминал во Оџак, а гимназијата завршил во Модрича. Живеел во Добој, Сараево, Бања Лука и во Унгарија, Полска и Данска. Денес живее во Високо. Песните му се преведувани на англиски, француски, дански, полски, германски, холандски, италијански, португалски, словенечки, македонски, бугарски, руски, турски и албански јазик. Член на Друштвото на писатели на БиХ oд април 2023.