Милена Лунеска
Милена Лунеска е родена во Кичево 1963г. По занимање е Економист и преку 20 г. Е раководител во семејната фирма. Остварувањето како мајка, сопруга и големите обв рски во фирмата се повеќе ја одложуваат желбата за издавање на своја книга. Сепак љубовта кон пишаниот збор расте и во 2012г.ја печати својата прва книга ДВА ЧАСА која привлече огромно внимание кај читателите. Пишува проза и поезија, која често се објавува на многу македонски портали. Објавени се и во некои списанија во Црна Гора и Хрватска.