
Милена Марковиќ
Милена Марковиќ (1974, Белград) е поетеса, драмска авторка и сценаристка. Редовна професорка е на Факултетот за драмски уметности во Белград. За нејзините поетски книги ги има освоено наградите: „Борисав Михајловиќ Михиз“, „Милош Црњански“, „Тодор Манојловиќ“, „Билјана Јовановиќ“, „Ѓура Јакшиќ“ и „Перо Деспота Стефана“. Напишала повеќе драми коишто со голем успех биле изведени на домашни и на меѓународни сцени: „Павилјони, каде одам, од каде доаѓам и што има за вечера“, „Ливада полна темнина“, „Петте животи на претажниот Милутин“, „Шини“, „Брод за кукли“, „Наход Симеон“, „Шумата блеска“, „Жица“ и „Убијци на змејови“. Добитничка е на специјална награда во Виена за најдобра драма од екс-ју просторите и на три стериини награди за најдобар текст за драмите: „Наход Симеон“ во 2007 г., „Брод за кукли“ во 2009 г. и „Убијци на змејови“ во 2015 г. Наградени се и нејзините сценарија за играните филмови: „Утре наутро“ (2006), „Бел, бел свет“ (2010) и „Татковина“ (2015), како и за документарниот филм „Рударска опера“ во 2005 г. Таа е автор и на сценаријата за двете сезони на серијата „Мочуриште“. За романот „Деца“, ја освои наградата НИН за најдобар роман во 2021 година.