Нахат Ел Хачми
Нахат Ел Хачми (2 јули, 1979 година), е шпанска писателка со мароканско потекло. Родена во Мароко, на осумгодишна возраст се преселува со семејството во Каталoнија каде живее и ден денес. Дипломира арапска филологија на Универзитетот во Барселона. Авторка е на голем број наградувани дела во кои што внесува елементи од нејзиниот двоен идентитет и богат женски свет: „И јас сум Каталонка“ (2004), „Последниот патријарх“(2008, награда Рамон Љуљ за најдобар роман), „Туѓата ќерка“ (2015, награда Сан Хуан), „Тие секогаш зборуваа за нас“ (2019), а во 2021 година ја добива наградата Надал со романот „Во понеделник ќе не сакаат.“ Нејзините романи се многу добро прифатени не само од критиката, туку и од читателската публика, и преведувани на бројни јазици ширум светот.