Наташа Сарџоска
Наташа Сарџоска (Скопје, 1979), поет, есеист, писател, антрополог, полиглотпреведувач (FR, IT, ES, EN, PT, HR, CA). Доцент по антропологија на Институтот за антропологија и етнологија при ПМФ – УКИМ и нерезидентен истражувач во Центарот за напредни студии во Југоисточна Европа во Риека во Хрватска.Живеелаво повеќе европски градови, меѓу кои Милано, Лисабон, Париз, Брисел, Штутгарт. Докторирала антропологија од Универзитетот Еберхард Карлс во Тубинген, на Нова Сорбона во Париз и на Универзитетот во Бергамо. Магистрирала книжевност, културолошки студии и комуникации на Универзитетите во Лисабон, Бергамои Перпињан, а дипломирала италијански јазик, компаративна книжевност и француски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Ги објавила книгите поезија „Сина соба“, „Кожа“ (објавена и во САД и Италија)„Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“и „Крстна коска"(објавена и во Косово и во Италија).Објавувараскази, есеии академски трудови. Нејзините песни сепреведени и објавени на повеќе од 15 светски јазици и застапени во бројни поетски антологии и книжевни ревии. Нејзината песна „Кукла на конци“ е објавена на англиски и шпански јазик во Меѓународната поетска антологија против злоупотреба на деца. Дел е од европските поетски платформи Версополис и Лириклајн, а настапила и на најзначајните меѓународни поетски фестивали. Била финалист за „Награда за Неапол“на издавачката куќа Гвида Едиторе за необјавена поетска творба на италијански јазик, а ја добила наградата за посебни заслуги за творештво на италијански јазик „Дон Луиџи де Лиегро“ и наградата за најдобар прв превод на книгата „Пинокио“ од италијански на македонски јазик. Превела од италијански, француски, португалски, каталонски и шпанскинад 60истакнати светски писатели, а воедно е и прва и единствена преведувачка на македонски јазик на Сарамаго и Пазолини. Соработувала со Францускиот институт организирајќи ја„Les rivages de l'exil“, поетска вечер на франкофонска поезија за егзил, како и со Амбасадата на Италијаза поетско-музичката вечер „Il vino è la poesia della terra“. Во своето своето слободно време слика, танцува аргентинско танго и прави предмети од керамика.