Нина Насеска
Нина Насеска е родена во 2002 година, во Прилеп. Студент е на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено две книги и тоа збирката поезија и проза „Мозаик од доживувања“ (2014) и романот за деца „Авантурите на Ела Вилсон“ (2018). Во 2020 год. ја водеше рубриката „Архаизми, турцизми и уште нешто“, во неделникот „Зенит“. Нејзини раскази се објавени во списанијата „Современост“ и „Стремеж“.