Eмпусион

Светлите очи, веѓите и трепките прават ова лице да изгледа нездраво. Целата негова појава врз заднината на интензивно црвеното небо на зајдисонце остава вознемирувачки впечаток дека дошол овде, во овие меланхолични планини, од задгробниот свет.

ЕМПУСИОН

Глетката ја прикриваат облаци пареа од локомотивите, што сега се сноват по перонот. Треба да се наведнеш и да погледнеш од под нив за…

Сензибилен раскажувач

Во нашата западна култура чинот на тргнување на пат беше чин на слободата. Филијас Фог е слободен човек. Како слободен човек прифаќа облог и се нафаќа на предизвик, а со самото тоа одлучува за сопствениот живот.

Бизарни раскази

Се викам Вилјам Дејвисон, Шкотланѓанец сум и потекнувам од Абердин, но многу време поминав во Франција, каде што мојата кариера беше овенчана со позицијата на кралски ботаничар и каде што ги објавив своите дела. Речиси никој во Полска не ги знаеше, но ме ценеа затоа што тука заслепено се ценат дојденците од Франција.