Панде Манојлов
Панде МАНОЈЛОВ, поет, прозаист, критичар и новинар. Роден е на 2 мај 1948 година во с. Породин, битолско. Студирал правни науки во Загреб (Хрватска) а дипломира на Правниот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Автор е на книгите: „Црвен немир во црвено пламти“ (поезија, 1971), „Соѕвездие на болот“ (поезија, 1977), „Блажевина“ (поезија, 1988), „Обид да се влезе во нулата“ (раскази, 1996), „Срца, булки и снегулки“ (поезија за деца, 1997), „Лет во сонот над Ајфеловата кула“ ( поезија на македонски и француски јазик, 1998), „Стап“ (раскази, 2000), „Талија на битолската сцена“ (театарски критики, 2003), „Песни за Никола и Дамјан“ (поезија за деца, 2003), „Љубов и чемер“ (поезија, 2005), „Тевекелиски песни“ (поезија, 2008), „Битола, љубов моја“ (поезија на македонски и англиски јазик, 2009), „Месечина со превез“ (поезија, 2011), „Сонувај добрина“ (поезија за деца, 2012), „Опкована душа“ (поезија, 2013), „Последна корида на душата“, 2014), „Ветровито време“, поезија,2015) и други. Негови песни се објавени и препеани на: англиски, француски, германски, руски, арапски, турски, бугарски, српски, грчки, татарски, хрватски, башкириски и други јазици. Добитник е на повеќе награди и признанија за книжевност во земјата и странство.