Перо Сарџоски
Перо Сарџоски е поет, писател, музичар, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми и директор на настава во Пегасус ЕЛС, училиште за англиски јазик од Тетово. Тој е овластен преведувач и толкувач од англиски јазик. Амбасадор е на финската непрофитна организација HundrED, чија цел е вмрежување на образовни институции и едукатори од целиот свет. Свири на кавал, вљубеник е во природата, дел е од една неформална група на поети кои организираат Слем поетски настани во Македонија на кои секогаш зема активно учество. Македонија му е во срцето! Сè што твори во поезијата, прозата, музиката и животот, воопшто, му е мотивирано од љубовта кон Македонија.