Поли Муканова
Поли Муканова е родена во Софија, Бугарија. Пишува поезија, афоризми и кратка проза. Работи како професорка на Универзитетот за библиотекарство и информациски технологии во Софија, предава предмети по историја на книгата и теорија на читањето. Нејзината поезија е преведувана на англиски, германски, шпански, италијански, албански, романски, хрватски и македонски јазик. Учествува на бројни фестивали и поетски манифестации во Бугарија и во странство. Преведува поезија и проза од македонски на бугарски јазик.