Саво Костадиновски
Саво Костадиновски e мaкeдонски и германски поет, раскажувач, писател за деца и возрасни, преведувач. Роден e на 30 мај 1950 год. во село Ботуше – Македонски Брод, Maкeдонија. По катастрофалниот земјотрес во 1963 год. во Скопје, живее надвор од границите на Македонија. Во 1971 се доселува во Германија. Вишо техничко училиште завршил во Келн, во градот каде што од 1973 год. постојано живее. Како дводомен автор пишува лирика и проза за деца и за возрасни на македонски и на германски јазик. За неговите книжевни дела е наградуван и преведуван на повеќе јазици. Застапен е во избори, лексикони, антологии во Македонија и во Германија. Активен член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на германските писатели.