Семездин Мехмединовиќ
Семездин Мехмединовиќ (1960, Кисељак, Тузла), дипломирал компаративна книжевност и библиотекарство на Сараевскиот универзитет. Непосредно пред војната, со неколку колеги го покренал списанието Фантом на слободата, што продолжува да излегува и за време на војната. Во Сараево живеел сѐ до 1996 г., а потоа заедно со сопругата и синот емигрираат во САД, каде работел како уредник и продуцент за повеќе американски и европски телевизиски станици во Вашингтон. На Сараево му се враќа во 2019, а денес работи како уредник во издавачката куќа Buybook. Автор е на следните книги: Модрац (1984, поезија); Емигрант (1990, поезија); Сараевски блуз (1993, записи, поезија и проза); Девет Александрии (2002, поезија); Трансатланатик меил (ко-авторство со Миљенко Јерговиќ, 2009, е-писма); Руски компјутер (2011, исповедна проза); Автопортрет со торба (2013, поезија и проза); Ме'мед, црвена бандана и снегулка (2017, исповедна проза); Времето сега (2020, исповедна проза).