Славица Гаџова Свидерска
Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола, Македонија), поет, преведувач, теоретичар на книжевноста. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“(2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“(2016) и „Политики на стравот“ (2021), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017). Добитничка на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата, и „Караманов“ (Македонија) и „Лирата на Орфеј“, Бугарија. Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.