Софија Тодороска
Софија Тодороска е родена на 10.05.2003 година во Скопје. Автор е на две стихозбирни „Бубамари и бели ради“ (Самостојно издание, 2020г.) и „Круг на права линија“ (Сивејан, 2022). Вброена е во две антологии „Ново раѓање на зборот“ (2023г.) и „Самодиви“ (2023г.). Во периодот помеѓу 2021 и 2023 година беше член на здружението „Култура Бета“ каде ги водеше рубриките „Предлог книга на неделата“ и „Бисери- речник на македонски архаични зборови“. Во 2022 година беше коорганизатор на културниот фестивал „Коронијалс“. Учесник е на повеќе литературни работилници и поетски читања. Во 2022 година беше дел од рубриката „Ѕвезди и протези“ во склоп на списанието „Современост“. Моментално живее во Скопје и е студент на Медицинскиот факултет при УКИМ, на отсек Општа медицина.