Станка Бајлозова – Барламова
Станка Бајлозова – Барламова (1993) е родена и живее во Валандово. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2017 година ја објавила нејзината прва книга „Студентски портрет“ (збирка есеи – критики пишувани врз основа на дела од областа на современата македонска книжевност и врз основа на дела од областа на современите јужнословенски книжевности). Од декември 2018 година работи во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово.