
Стефан Спасовски
Стефан Спасовски е роден на 2.12.2003 во Скопје. Студира на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Средното училиште го завршил во гимназијата „Орце Николов”. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика”, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета” работи на делот за јазично уредување и редакција на текстовите. Добитник е на наградата Антев часовник за ракописот „Ќумур смоквин млеч”, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо” за необјавена поетска збирка од млад автор. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања како: Отскочна даска (дел од Скопскиот поетски фестивал), Поетска епизода, Поетска вечер на Филолошкиот факултет и друго. Негови есеи, критики и поезија се објавени на платформата на „Култура Бета” и други платформи.