Стефанија Ѓорѓиевска
Стефанија Ѓорѓиевска е од Скопје, родена на 5.10.2002 г. Студентка е на втора година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик. Има учествувано на неколку литературни конкурси меѓу кои е и конкурсот за средношколски есеи на Меѓународниот Славјански Универзитет. Во слободно време сака да пишува и да си ги преточува мислите во зборови кои засекогаш остануваат, а понекогаш сака и се обидува да биде во улога на сликар па знае да нацрта по некое уметничко дело. Исто така ужива во зеленило, воопшто ужива во природа, таму и ги полнува нејзините батерии. Се стреми секојдневно да учи некој новитет што мисли дека вреди да се сознае, задржи и примени. Меѓу другото, сака да прочита и по некој убав и драгоцен збор, не штогоде, напротив настојува тоа да бидат некои наши, македонски, познати и најголеми писатели како што е Петре М. Андреевски, а сепак светски. Ја обожава нашата граматика, иако малку комплексна, но мисли дека треба зборовите да бидат така весело диригирани и разиграни за да биде кажувањето и доловувањето поконкретно, а сфаќањето и доживувањето пофункционално.