Татјана Ристоска
Редовен читател и љубител на книги, со посебен интерес во откривање на човечката природа и психолошката состојба на ликовите и нивниот допир со реалноста. Имам посебен интерес кон откривање на приказната позади приказната. Верувам дека приказните во книгата се магнетот кон читателот а јазикот, стилот и формата само служат како алатки за поубаво внесување во приказната. Јазикот и формата не треба да бидат цел сама по себе, тоа е според мене минато. Поука има во секоја книга, прашањето е само дали можеме или дали сме доволно отворени да ја примиме. По природа либерал, верувам во креативна слобода и кршење на табуата и стереотипите, што значи дека многу малку од темите во фокус на литературата ми пречат. Исто така мислам дека терминот „вистинска литература“ или брендирањето на „шунд“ на одредени книги треба престане, сè е во вкусовите и овие стереотипи ни штетат. И секогаш ја барам длабочината во книгата, затоа што совршено напишани книги без длабочина во себе се како тело брз душа, физички совршено, но празно. Според мене, најдобри книги се тие што од било кој причини или побуди ке ги паметиш долго откако ке ги прочиташ и секогаш ќе ти се враќаат кога ке има соодветен момент.