Томазо Ландолфи
Томазо Ландолфи (1908-1979) е италијански раскажувач, поет, преведувач и книжевен критичар. Потекнува од стара аристократска фамилија од Ломбардија. Студирал руски јазик и книжевност во Фиренца. Во 1930 година го издава својот прв расказ. Од 1952 година стапил во брак и имал две деца. Во 1975 година му е доделена најпрестижната книжевна награда во Италија, Стрега, а во 1977 година ја добива и наградата Виареџо.