Како младиот елен стана канон на македонската поезија

Веќе самата асоцијација на „записи“ од еден (макар и иден) „старец“ воведува во поетскиот текст очекување дека тоа ќе биде поезија запрашана над смислата на оној „млад елен“. Каква била неговата смисла? Сме го забележале ли кога поминувал крај нас?