Верица Мукоска
Верица Мукоска (Вевчани, 10.03.1999) дипломирала на Филолошкиот факултет „Бла¬же Конески“ – Скопје при УКИМ, на Ка¬те¬дра¬та за Македонска книжевност и јужносло¬вен¬ски книжевности (2021). Магистер е по Филолошки науки во областа Македонска книжевност при УКИМ (2024). Првите стихови започнала да ги пишува уште во детството кога е објавена и нејзината прва стихозбирка: „Стихови од срцето на природата“ (2009). Романот „Дневникот на длабоките тајни“ е нејзино прво прозно дело (2017), потоа следува романот „Равенка на стра¬вот“ (2021), а потоа и стихозбирката „Тајнописец“ (2022). Делото „Психофилозофемите во повеќе¬слој¬ните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“ е нејзино прво книжевно дело од областа на книжевната наука и теорија (2023). Поетската збирка „Ѕвон¬ли¬ви тишини“ ја доби наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст при ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје (2023). Делото „Филозофемата како феномен меѓу тради¬ци¬ја¬та и иновацијата“ е нејзиното најново научно дело (2024). Уредничка е на најстарото македонско спи¬сание за литература, култура и уметност „Современост“ од 2020 год. Демонстратор е на Катедрата за Маке¬дон¬ска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје при УКИМ од 2021 година. Професорка е по македонски јазик и ли¬те¬ратура во Струга од 2022 год. Управител е на здружение за младински активизам „Креатив Тим 22“ од 2022 год. од каде остварува соработки со македонски и европски здруженија со кои реализира проекти од областите на култура, наука и образование, рурален развој и природа. Била ангажирана како практикант во МРТ – Скопје (2022). Се има здобиено и со сертификат за млад новинар при ИКС – Скопје од каде пишува новинарски статии (2022). Пишува есеи, раскази, статии, текстови за музички песни и трудови. Членува во организациските одбо¬ри на Вевкул (Вевчанско културно лето) и Струшки книжевни средби од 2018 год. Преведува дела од јужнословенските ја¬зи¬ци и од англиски на македонски јазик. Има учествувано и настапувано како водител на повеќе литературни и културни фестивали, манифестации и проекти во земјава и во странство. Соработува со македонски издавачи, пишува рецензии и промовира книги од македонски и странски писатели. Нејзини песни се објавувани и преве¬ду¬ва¬ни во македонската и странската книжевна периодика.