Владимир Јанковски
Роден во 1977 година во Скопје. Завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работeл како уредник во издавачката куќа Темплум, во НВО Контрапункт, како и во издавачката куќа Магор. Во 2003 година ја објавил книгата Огледало за загатката, разговори со Влада Урошевиќ. Во соработка со фотографот Иван Блажев ги реализирал книгите: Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, 2008) и Лицата на невидливиот град (2010). Во 2010 година го објавува романот Вечно сегашно време, а во 2015 година романот Невидливи љубови. Активно се занимава со книжевен превод. На македонски јазик превел книги од Јан Мекјуан, Маргарет Етвуд, Џон Фанте, Сузан Сонтаг, Чарлс Буковски, Дубравка Угрешиќ, Ведрана Рудан...