Владимир Лукаш
Владимир Лукаш е музичар и визуелен уметник. Има напишано неколку ненапишани книги. Живее и работи во Скопје.
Крвав наслов / Сакам тостер / Орхидеја во карантин
„Здраво“, ми вели пивото, „Ќе ме испиеш?“ „Да.“ „Но јас сакам да си играме“, ми вели. „Сеедно“, му одговарам и го испивам на екс. Вадам ново пиво. Истата приказна. Доаѓа точката и ме прашува дали може и таа да добие едно. Секако. Доаѓа завесата: истото прашање. Да. Доаѓа листот хартија: сака ракија. Нема проблем.