Жарко Милениќ
Жарко Милениќ е роден 1961 година во Брчко, Босна и Херцеговина. Бил претседател на Книжевниот клуб во Брчко и главен уредник на списанието „Ријеч“. Сега е главен уредник на списанието „Ријечи“. Објавил преку триесет книги проза, поезија и книжевна критика. Има преведено педесетина дела од англиски, руски, бугарски, македонски, словенечки и украински јазик. Наградуван е на повеќе фестивалеи во Хрватска, Ирак, Македонија и Кина. Денес живее во Москва, Русија, каде што професионално се занимава со книжевност.