Жан Илиески
Жан Илиески е роден 1981 година во Скопје, Македонија. Почнува да пишува на шеснаесетгодишна возраст. Студира филозофија и социологија. Во 2005 година заминува во САД. Таму во рок од две години работи и патува во неколку градови (Њујорк, Џерси Сити, Чикаго). Во 2007 се преселува во Санкт Петербург, Русија, каде што работи како трговец со уметнички дела, а во 2010 година добива стипендија на „Слободниот универзитет – Берлин“. Оттогаш, заедно со неговото семејство, живее во Берлин. Во 2022 година го издава својот прв роман „Трезност и Лудост“ („Полица“). Во моментот работи како аналитичар за шведската енергетска компанија „Ватенфал“ во Берлин. Летата ги поминува во јужна Европа, од каде што црпи инспирација.