Кога пишувам за тоа денес, мислам дека во тој час за последен пат сум се обидел да ја исправам таа ситна почетна штета нанесена со намерниот излет во ренесансата. Но нема да се оддалечам многу.
Во нашата западна култура чинот на тргнување на пат беше чин на слободата. Филијас Фог е слободен човек. Како слободен човек прифаќа облог и се нафаќа на предизвик, а со самото тоа одлучува за сопствениот живот.