Алекс Букарски
Алекс Букарски, роден Битола 1984, Завршил Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје Објавил раскази „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ добитник на наградата “Новите“ Бил блогер Пишувал колумни,статии за “Време“, „“Дневник“, „Окно“ и „Репер“’ Живее и работи во Скопје.
Кон филмот „Евтини приказни“
Кога сме кај литературните влијанија Тарантино го споменува и прославениот Селинџер за чии книги вели дека не се напрега многу да ги прочита од причина што сака да ги чита како мала награда која сака да си ја дава низ целиот свој живот. Најверојатно јасноста, читливоста, симболизмот, но пред сè иронијата во Селинџеровите дела се нештата кои го привлекуваат неговото внимание.
Кон филмот „Лет над кукавичјото гнездо“
Со многумина кои сум разговарал не знаат дека тоа е книга првенствено напишана во 1962 година од Кен Киси и драматизирана во театарска претстава па најсетне, во 1975 година доживува екранизација.Слично е и со „Коса“ кој најпрво една деценија претходно се играше на Бродвеј пред да добие своја филмска верзија.
