Сомнабул

Но овој пат будењето беше сосем неочекувано, не поради малата замелушеност, што не е ретка состојба за човек кој тешко се отшетува од сонот во грубата реалност, не поради ранобудноста кога со срцебиење се прашуваше зашто место осум часа неопходни за здрав организам, спиел само пет.

Градот во оган

Многу повеќе од сведок, тој е покренувач, иницијатор на она што се случува, на еден пресуден, страшен чин, во оној цвајговски збиен историски час, кога се менува судбината на еден град и судбините на неговите идни жители и настани.

ФУСНОТА ЗА АНАРХИЗМОТ

Навистина, во биполарната поделба на светот по Втората Светска Војна, за анархизмот што и самиот се распаѓаше на мали групи немаше сериозно место. Денес, сликата на анархистот кај „граѓанството“ се совпаѓа со осветољубив терорист кој е спремен на најжестоки злосторства.

ОБИЧЕН ДЕН

Над клучалките на вратите беа прилепени сребрени украсни плочки во облик на зајче. „Како кај Алиса“, помисли жената.