Ермис и земјотресот

Не ми преостана друго освен да се вратам кон црно-белите типки и почнам да импровизирам, додека во главата ми се превртуваа секакви мисли. И тогаш, од близу се јави некој глас, чиј глас не можев да знам, до клавирот стоеше момчак, дваесетгодишник, ми рече: – Добро отсвирено.

Бајац / Пиштало

Во животот ми се случуваат интересни средби и личности, во различни временски периоди и во различни амбиенти, со некои, како со Влада Бајац, тие доживувања продолжуваат, се множат, за понатаму да ги прераскажувам.

Записи од корона-окупацијата

Мало ѓезве, таман за едно кафе, имаше обичај да каже дедо ми Санде, кога наутро, од крајот на мај па до почетокот на октомври, со послужавник ќе ги донесеше на терасата филџанот и ѓезвенцето со штотуку зовриеното кафе. Филџанот беше од оние старинските, порцелански со извиена, грацилна дршка и со насликан мотив на рози и ист таков на тацната.

Номадот Ацо Шопов

Геопоетиката се соединува со митопоетиката: за поетот-номад се суштински едноставните големи нешта – Сонцето, Ѕвездите, Елементите, Жената – оние што учествуваа во создавањето на Првичниот Свет и на Првата Песна. Стареејќи биолошки, номадот духовно се подмладува, се враќа кон своето прапостоење.

Номадот Ацо Шопов

Геопоетичкиот карактер во творештвото на Шопов, динамичноста и интензивноста на неговиот поетски исказ, ослободувачката енергија што вибрира од паузите, белините меѓу концентрираните, напрегнати стихови, наоѓа на податлив прием во странските јазици на коишто неговата поезија е препеана.

Номадот Ацо Шопов

Номадската потрага е исто толку страствена во истражувањето на внатрешните лавиринти, кадешто темно меандрира сопствената крв. Небиднинската поетика проникната со митски праслики опсесивно ја негува и ја повторува соодветната симболика на крвта, персонифицирана низ опозицијата на божеството и демонот.

ЦРТИЧКИ

„Дали видовте некој да беше со нас, тука во купето“, го прашав својот сопатник. „Не“, рече спикерот со пена на лицето. „Иако… иако… како во полусон ми се причини дека наслушнав како некој дебел, навистина дебел човек ’рчи. А тоа, без навреда, не можеше да бидеш ти“, ме погледна малку од високо и се насмевна.

ФУСНОТИ, 2

Тие што ги праќаат сопствените сеќавања на брановите на поезијата за да ги пробудат, за да ги освежат нашите подзаборавени доживувања, тие што во занесот на создавањето не се прашуваат зошто и за кого создаваат…

ФУСНОТИ, 1

Таму каде куќата исчезнала во зграда, мостот се престорил во друг мост, од улицата се искорнати дрвјата со мириси, шушкања и паднати лисја – меморијата ќе биде главен сведок.