Ален Брлек
Ален Брлек (1988, Загреб) пишува проза и поезија. Автор е на стихозбирките Метакморфози, Пратишина и Санг. Збирките претставуваат трилогија на умот, духот и телото. Песните му се преведени на повеќе јазици и застапани се во неколку антологии на хрватската поезија. Во 2022 година избор песни под насловот Théories noctrunes е преведен и објавен на француски јазик од издавачката куќа Galerie – Librairie Lollave. Дел е од Версополис и музичкo-поетскиот проект Зарон заедно со Дарко Шепаровиќ, Емил Андреидис и Луција Бутковиќ.